sq mk en
Урологија

Урологија

Урологијата е хируршка гранка која го опфќа урогениталниот систем: бубрег, надбубрег, ретроперитонеум, уроодводи, мочен меур, простата (BPH), надворешни гениталии кај мажи (пенис,скротум).

Сите заболувања на урогениталниот систем, а тие се бројни, можат да бидат дијагностицирани и третирани во МEDICA Istanbul. Помеѓу најчестите уролшки заболувања спаѓаат камењата, туморите (бубрег, мочен меур, простата, тестиси и др. ) и секако воспаленија. Како најчести заболувања во урологијата се болестите на простатата и тоа :

 

-Воспаленијата

-Ракот на простатата

МEDICA Istanbul располага со најсовремени дијагностички методи :

- Магнетна резонанца (MRI)

- Компјутеризирана томографија ( CT )

- PET - CT

- Ултрасонографија

- Лабораторија

- Цистоскопија со флексибилен цистоскоп (безболна и нетрауматска метода)

- Урофлуометрија

 

Дијагнозата на ракот на простатата како и биопсијата на простатата се прават со ректална ултразвучна сонда со земање на најмалку 10 примероци. Tуморите на мочен меур исто така се чести заболувања каде егзактната дијагностика се прави со флексибилен цистоскоп.
Третманот на овие тумори како и на старачката простата е ендоскопски.
Камењата на уринарниот тракт се една од најчестите болести во балканскиот регион.

 

Во дијагностиката се користат :

 

- Рендген нативна

- I.V.U. –Ултразвук и CT и др.

 

Третманот е исклучиво ендоскопски затоа што Медика Истанбул располага со флексибилен уретеронефроскоп кој користи ЛАСЕР за кршење на камењата во било кој дел на бубрезите, уроодводите  и мочен меур. Машкиот стерилитет и еректилната дисфункција се дијагностицират и третират користејќи нај современи дијагностички методи( Допплер и др.)

 

Сета оваа дијагностика и терапија, како и консултации и второ мислење во MEDICA Istanbul се на располагање од страна на Проф. Др. Владимир Георгиев.

Закажи преглед