sq mk en
Стоматологија

Стоматологија

Опис на одделот за стоматологија

Одделот за стоматологија нуди најдобри услови за најсовремено изведување на интервенциите вклучувајќи брза, ефикасна и високопрофесионална услуга.
Одделот за стоматологија обезбедува комплетно стручно згрижување, дијагностицирање и третман на сите заболувања во усната празнина.
Точно поставената дијагноза заедно со соодветнатата терапија е многу важна за зачувување на забите, како и за превенција од можните компликации и е правило од кое во нашата пракса никогаш не смееме да отстапиме. Според тоа нашата работа со пациентите опфаќа прегледи, дијагностицирање со најсовремени методи и третман на истите.
Посебно внимание посветуваме на превенцијата и советите со цел за унапредување на оралното здравје на населението и зачувување на истото.
Во склоп на професионалноста во нашата работа не изостанува ниту уникатниот дизајн на одделот кој придонесува комплетно опуштање на пациентот за време на стоматолошката интервенција.

 Во што се разликуваме од останатите

  Нашиот тим овозможува современ пристап во грижата на пациентите. Важен дел од услугите кои ги нуди нашата ординација по стоматологија се однесуваат пред се на естетската стоматологија. Естетиката во стоматологијата бара уметнички вештини за балансирање на илузијата со реалноста, и нејзина цел е совршен изглед и функционалност на забите.
Предноста на нашиот оддел се високите стандарди на естетската стоматологија за задоволување на потребите на пациентите и постигнување на што е можно подобар козметички ефект. Од тука произлегува интересот на имплантологијата кое целото свое внимание го насочи токму кон тоан поле. Примената на реконструктивната хирургија, надополнета со најсовремени видови на коскени супституенти, биомембрани и импланти ја подигнуваат естетиката на саканото ниво. Циркониумот како современ материјал имплементиран во денталната имплантологија, посебно во протетскиот сегмент ги искористила придобивките од безметалната керамика, решавајќи ги на тој начин недостатоците од минатото, со постигнување на највисоко естетско ниво.
Естетиката на забите со нашите софистицирани техники на работа, материјали кои ги имитираат забните супстанции во потполност, забните ламинати и персоналните можности, овозможува враќање на природниот изглед на забите.
Се разликуваме од останатите поради тоа што нудиме и услуги во болнички услови, каде се изведуваат хируршки интервенции под општа анестезија.
Сето ова придонесува за комфорно чувство и задоволство на пациентот зголемувајќи ја вашата самодоверба поради постигнатите резултати.

Ние се грижиме за вашата насмевка !

Изборот е ваш ! 

Закажи преглед