sq mk en
Ревматологиja

Ревматологиja

Одделот за ревматологиja има тим со долгогодишно искуство во дијагностика и лекуване  на ревматските заболувана.

Ревматските болести се стари колку и човекот. Тие претставуваат значаен дел од хуманата патологија.

Голем дел од спектарот на овие болести покрај тоа што го зафаќаат зглобномускулниот систем, често се зафатени и други органи и ситеми. Дел од таа група се однесува на ревматоидниот артритис, системскиот лупус, системска склероза, гихт и друго. Заради ова е потребен мултидисциплинарен пристап.

МЕДИКА Истанбул дава можност за консултации со специјалисти од повеќе медицински  гранки, голем број на биохемиски анализи,серолошки и имунолошки тестови(одредуване на многу антитела), РТГ испитуваня, ЦТ,МРИ, ДЕХА и др.Раното поставување дијагноза на ревматоидниот артритис овозможува рано отпочнуване на лекуване на артритисот со темелна терапија, а со тоа и одложуване на инвалидитет.

Болните со остеоартритис (артроза) исто така имаат посебно место во ревматологијата. Можно е да има потреба од диференцијална дијагностика со другите заболувања на локомоторниот систем. Кај овие болни има потреба од терапија но и совети за подобруване на квалитетот на животот.

Остеопорозата кои последниве децении има епидемиски карактер може да се дијагностицира рано(ДЕХА) и да се лекува. Ревматологот има услови за спроведуване на процедурата-артроцентеза,кое може да биде дијагностичка и тераписка. Постојат услови за апликација на лекови (кортикостероиди, како и препарати на хијалуронска киселина)
Закажи преглед