sq mk en
Радиологија

Радиологија

Што е радиологија?

Радиологија е гранка од медицината која користи различи техники како што е пример рендгенографија или компјутерска томографија, базирани на рендген зраци, ултразвук базиран на ултразвучни бранови или магнетна резонанца базирана на магнетно поле за доивање на слики од самата структура на телото.
Тука се вклучени и мамографијата која дава преглед на паренхимот на дојките и PET CT метода која дава увид во раширеноста на малигните заболувања или дистинкција меѓу малигни и воспалителни заболувања.
Самиот преглед го изведува рентген технолог додека пак самата интерпретација е од доктор специјалист по радиодијагностика. Интерпретација на сликата добиена од дијагностичките апарати е всушност анализа и поставување на дијагноза во однос на фактичката состојба на пациентот.
Описот се внесува во извештај кој се доставува до докторот клиничар кој понатаму во склоп со другите испитувања предлага соодветна терапија.
Сликите од прегледот се добиваат во дигитална форма и се зачувуваат во посебен систем кој се нарекува PACS кој е достапен за сите доктори во круг на нашата установа.
Со овој систем се овозможува комплетно зачувување на податоците и за во иднина со можност запонатамошна компарација и редовно следење особено кај пациенти со хронични заболување или малигни болести.

Зошто сме различни?

Фокусот на нашата медицинска услуга е на задоволството на пациентот. Токму порaди тоа нашиот пристап не е базиран само на професионалноста и искуството на нашиот персонал туку и на љубезноста и топлиот пристап. Ние сакаме да Ви обезбедиме топла, комотна средина со персонал на кој му верувате.
Најтешкиот момент за пациентот е добивање на соодветна дијагноза за која секогаш е потребно многу време.
Нашата организација е во правец на решавање на овој проблем со обезбедување на соодветна дијагноза во најсоодветно време со користење на дигитална технологија. Искуството на македонскиот тим на МEDICA Istanbul во Тетово е дополнето со искуство и трансфер на знаење од експерти од МEDICA Istanbul во Турција. Соработката е на секојдневна база “on-line “ со цел да се решат сите дилеми околу поставување на дијагнозите.
Особено треба да се нагласи искуството на турскиот тим во поглед на PET–CT базирано на 16 години работа со огромен број на пацинети .
Нашиот тим во МEDICA Istanbul во Тетово е искусен и во поглед на МРИ, ЦТ, мамографија и ултрасонографија. 

Закажи преглед