sq mk en
Oпшта хирургија

Oпшта хирургија

 

За сите пациенти со претпоставени хирушки болести, МЕDICA Istanbul – Tетово нуди консултација со хирург кој ќе помогне за да се потврди или исклучи сомневање за хирушка болест. Со нашата апаратура и нашите дијагностички можности, заедно ќе дојдеме до соодветна навремена дијагноза и третман. Кај пациенти диjагностицирани со хируршки болести при специјалистичката дијагностика се спроведува елективна хирургија. Методите на елективната хирургија се: лапароскопија, ендоскопија и артроскопија. Кај пациенти кај кои општата состојба дозволува, се спроведуваат безбедни хируршки интервенции кои се изведуваат со локална или целосна анестезија. Неведените хирурчки интервенции се со краток болнички престој.
Во нашиот оддел се ангажираме и за згрижување и контрола на болка на пациенти во пост-болничко лечење после изведени хирушки интервенции како и кај не-операбилни пациенти.Исто така, доколку се планира поголема хирушка интервенција, нашиот оддел располага со можности за подготовка на пациентите.

 

Од услугите во поликлиничкиот дел нудиме:

 

- Згрижување на рана, преврска со најсовремен материјал, сутура, ексцизија и дебридман на рани, вадење на конци;
- Одстранување на надворешно тело, екстирпација на тумори на кожа, поткожа и меки ткива, одстранување на липоми, атероми, хигроми и др;
- Туморектомија на дојка, со претходна комплетна дијагностика почнувајќи од ЕХО на дојки, Мамографија, МРИ на дојки, пункциона биопсија и хистопатолошка анализа;
- Пункција, инцизија, дренажа на абцеси, третман на фурункул, карбункул, флегмона, панарициум, хематом, синус пилонидалис;
- Парцијална или комплетна екстирпација на нокт;
- Ексцизија на невуси, ексцизија и корекции на лузни;
- Репозиција-taxis на инкарцерирана хернија;
- Третман на фимоза и парафимоза;
- Ампутација на прсти;
- Сутура на екстензорни тетиви на нога и раце.

МЕDICA Istanbul се подготвува да отпочне со изведување и на поголеми хируршки интервенции со примена на нови оперативни техники.

Закажи преглед