sq mk en
Офтамологија

Офтамологија

Нашата основна задача е професионалност и брза услуга, која се заснова на современи медицински ставови, најнова технологија и современ концепт на работа
Ви нудиме најсовремен пристап во превенција и лекување на многу болести на окотo и помошниот очен апарат

Кај нас ќе најдете решение на голем број очни болести како болести на површината на окото и солзниот апарат , дијагностицирање и третман на очен притисок, следење и терапија на многу болести на ретина , како и одредување и препишување на соодветни очила и контактни леќи кај возрасни и деца.

Офталмолошка дијагностика се прaви во современо опремени ординации и кабинет за функционална дијагностика.
Офталмолошка ординација е опремена со spalt ламба, автоматизиран керато-рефрактометар (за компјутерско одредување на диоптрија) и неконтактен air puff тонометар (за прецизно и брзо одредување на очен притисок).

Располагаме и со најсовремена офталмолошка опрема како:
Оптичка биометрија и топографија за избор на вистинска интраокуларна леќа кај хируршко отстранување на катаракта, која се изведува за кратко време со голема прецизност
Ултразвучен пахиметар кој прецизно ја мери дебелината на корнеата кај различни патолошки состојби
Компјутеризирано видно поле за дијагноза и пратење на глауком (покачен очен притисок), некои болести на ретина и невролошки болести;

ФФА со фундус камера за снимање на заден сегмент како и васкуларен систем на око;
FAF (fundus avtofluorescencija) за најпрецизно пратење на промени кај сува дегенерација на макула.

Поседуваме најсовремен апарат за FAF снимање кое во комбинација со OCT снимање дава комплетен увид во состојба на макула. Тоа е безболна и безконтактна дијагностичка метода за која е потребно кратко време.
Располагаме со најнова генерација на ОCT апарат кое претставува неинвазивен, револуционерен неконтактен ласерски дијагностички систем. Дава исклучително прецизно претставување на внатрешни слоеви на окото преку напречни пресеци со резолуција од 10 микрони. Се применува во рана дијагноза на глауком, болести на точката за јасен вид и витреоретинални пореметувања

Офталмохирургија се изведува со користење на модерен офталмолошки биомикроскоп и микрохируршки инструменти. Операционата сала е во согласност со најсовремени медицински прописи, а опфаќа и преоперативна припрема и дневна болница.

За хируршко отстранување на катаракта се користи најсовремен phaco апарат, рез помал од 3 мм и вградување на современи меки леќи (стандардни, мултифокални, асферични, торични), и воедно е една од најчестите интервенции.

Кај нас за хирургија на глауком се применуваат неколку техники, согласно најновите препораки.
Витреоретинална хирургија- хирургија на комплицирани аблации, дијабет, повреди на око.Аплицираме Anti VEGF терапија за лекување на влажна дегенерација на макула и други болести на ретина.
За дневна хирургија располагаме и со сала за мали хируршки интервенции како хирургија на капак и солзни патишта (јачменче, промени на капаците, хируршко решавање на повреди на капак, сондирање на солзни канали како и решавање на бенигни и малигни промени на очни капаци);
Ласер интервенции  се изведуваат во кабинет за ласер ;
YAG ласер на преден сегмент на око (кај глауком, секундарна катаракта и некои постоперативни компликации);

Исто така располагаме и со кабинет за интерна медицина и педијатрија – современо опремени ординации каде се прави преоперативна припрема на пациентот во соработка со спец. интернист или спец. педијатар.
Се надеваме дека ќе ја оправдаме вашата доверба!

Закажи преглед