sq mk en
Интерна Мeдицина

Интерна Мeдицина

Со голема гордост и професионалност, со најсовремена опрема за комплетна дијагностика, МEDICA Istanbul со специјалистичка интернистичка ординација ви нуди брза дијагностика и соодветна терапија врз основа на комплетен интернистички преглед.
Интерната медицина е гранка која има со цел справување, превенција, дијагноза и третирање на болести кај возрасната популација и е меѓу најосновните бранши во медицината. Лекарите интернисти се квалификувани во справување на пациенти кои имаат недиференцирана или мулти-системска состојба или болест. Интернистите се грижаат за хоспитализирани и амбулантски пациенти кои често се сериозно болни и/или бараат сложени
испитувања. Бидејќи честопати болестите се со повеќе насоки, колегите од други специјалности се консултираат со специјалистите по интерна медицина при одредени специфични и сложени состојби и случаји за доброто здравје воопшто.
Консултирајте не и решете ги дури и помалите проблеми со здравјето како температура, главоболка, вртоглавица, долготрајни кашлици, проблеми со варењето на храната, висок крвен притисок, отоци, итн. Освен друго кај нас може да се направаат и следните испитувања:

•Интернистички преглед, гастроентеролошка, ендокринолошка и нефролошка обработка на пациентот со детален разговор и клинички преглед кој во зависност од индикациите се проширува со лабораториски испитувања на крвта и урината, ултразвучен преглед на уринарниот систем, микробиолошки иследувања (уринокултура, брисеви),
•Ехо-ултразвучна дијагностика на абдоминални органи, панкреас, абдоминална аорта, црн дроб, жолчно кесе, жолчни патишта, слезенка, бубрези, мочниот меур и простата.
•Спирометрија / Spirometry,
•ЕКГ на срце /Electrocardiogram (ECG),
•Холтер за крвен притисок / 24 h Ambulatory Blood Pressure Monitoring,
•Холтер за ритам на срце / 24 h Continuous ECG Monitoring,
•Дијагностичка и интервентна (со или без анестезија) ендоскопија со гастроскопија, ректосигмоидоскопија, колоноскопија и лигирање на хемороиди, анални фисури,
•Eхо сонографија на тиреоидна (штитна) жлезда, нејзина морфологија/структура, големина, крвоснабдување, одредување на тиреоидни хормони ФТ4 и ТСХ, ФТ3, како и брзо и ефикасно поставување на дијагноза и терапија.
•Комплетна лабораторија со најсовремена медицинска опрема и врвна прецизност во добивањето на резултатите,
•Давање на терапија во зависност од болеста (парентерална, инхалациона...)

Посетете не во најсовремената и најновата болница МEDICA Istanbul во Тетово каде ке ве пречека професионален, хуман и многу лубезен тим. 

Закажи преглед