sq mk en
Ендоскопски преглед на дебелото црево (Колоноскопија) во MEDICA Istanbul Тетово!

Ендоскопски преглед на дебелото црево (Колоноскопија) во MEDICA Istanbul Тетово!

Колоноскопија е процедура со која директно се визуелизира внатрешноста на дебелото црево (ректумот и колонот). 
Колоноскопијата во MEDICA Istanbul Тетово се изведува со помош на светски познат колоноскоп FUJI (тенко црево), кој е флексибилен и лесно се витка. Освен за дијагностички цели, колоноскопијата дава можност за биопсија на суспектен тумор или остранување на полипи. Со ова процедура исто така се дијагностицират и воспаленија, како и крварења на колонот (дебелото црево)
Се изведува во зависност од желбата на самиот пациент со или без анестезија, каде и во двата случаи пациентите ќе бидат задоволни.

Процедурата е едноставна, лесна и обично без компликации со што пациентите по неколку минути обсервација од нашите специјалисти лекари нема да има потреба да бидат задржани.

Закажете веднаш на contact@medicaistanbul.mk или на 044 344 414.

Закажи преглед