sq mk en
Биохемиска Лабораторија

Биохемиска Лабораторија

Современата медицина денес не може да се замисли без лабораториска дијагностика која е многу важна за брзо откривање на заболувањата и за што поуспешно лекување,следење на текот на заболувањата и излекување.
Основна активност во поликлиниката МEDICA Istanbul е грижа за човековото здравје. Нашата современа лабораторија е основен фактор за точно и брзо одредување на дијагноза.За таа цел поликлиника МEDICA Istanbul применува најсовремени клинички лабораториски тестови. Со својот тим нудиме комплетна дијагностика во согласност со најновите светски трендови и препораки на Светска здравствена организација. Медицинскиот персонал е комплетно посветен на квалитетно, високо професионално ниво на давање на медицински услуги и задоволување на потребите на пациентите.
Медицинската дијагностика во лабораторијата е во соработка со доктор на медицина специјалист по медицинска биохемија, дипломиран инжинер по биохемија и лабораториски техничар.
      Сите медицински услуги се одвиваат во пријатна атмосвера во лабораторијата каде ќе ве пречека стручен и љубезен медицински персонал кој потполно ќе го посвети вниманието на вас и ефикасно и брзо ќе ги организира сите потребни испитувања.
Земањета на крв,собирањето на урина често може да биде непријатно, а поголем број на пациенти мисли дека процедурите се болни. Во нашата поликлиника, земањето на примерок го врши високо професионален и обучен медицински персонал. Количините примерок се мали, а процедурите минимално болни и инвазивни. Врз основа на тоа нашиот тим од лекари ќе има големо олеснување и помош во донесување на точна дијагноза,одбирање адекватна терапија и подобра прегледност во моменталната здравствена состојба на пациентот.
      Во лабораторијата на поликлиниката МEDICA Istanbul може покрај основните стандардни испитувања на урина и крв да се извршуваат и биохемиски испитувања. Исто така може да се вршат испитувања и контроли на хормони, тумор маркери, електролити, фактори на хемостаза и инфективни заболувања кои се ииспитуваат преку крв.
Добивање на резултатитеведнаш во нашата поликлиника или по електронски пат.

Закажи преглед