Позитронска емисиона комјутерска томографија е на прво место во светот  за детектирање на рана фаза на метастаски депозити и одредување на степенот на раширеност на метастази во организмот со користење на радиоактивен елемент кој се интегрира во метаболизмот на клетките го означува и за неколку часа се исфрлува .
На хибридниот апарат се прави фузија на обете слики и со преставување на протокот и метаболизмот на гликоза во крв се добиваат најточни информации за состојбата на пациентот со малигни заболување, тешки и цело општи инфекции како и дегенеративни заболувања. Истовремено треба да се напомене дека PET scan е метода која овозможува следење на пациентот и на одговорот на организмот на дадената терапија.