Medica Istanbul
Bul. Vidoe Smilevski Bato 1-1/3, Tetovo 24/7 +389 44 344 414

Артроскопија

Артроскопијата е ендоскопска метода која со помош на камера и видеотехника овозможува визуелизирање, снимање и документирање на интервенцијата.

Артроскопијата претставува директна дијагностика и оперативен метод при којшто со неколку минимални резови се влегува во зглобот и со тоа прецизно се прегледуваат структурите во внатрешноста на зглобот, или се врши операција без да се отвора зглобот. Се користи за дијагноза или операција најчесто на колено и други поголеми зглобови.

 

Се применува со цел да се дијагностицираат и третираат следниве проблеми:

- Лезија на менискуси

-Руптура на вкрстени и странични лигаменти.

-Хидромалација на зглобни ‘рскавици и коскени фрагменти

-Оштетена зглобна р'скавица

-Воспаление на синовијалната мембрана

-Нестабилност на пателата(чашка) и др.

 

 

За разлика од класичната операција на зглобовите, артроскопската интервенција е минимално инванзивна, значително намалувајќи ги оштетувањата на околните ткива за разлика од класичниот оперативен третман, а инструментите се внесуваат со 2-3 убода, па поради ова ја нарекуваат и минимално инванзивна интервенција. Престојот во болница е од 1-3 дена.