Medica Istanbul
Bul. Vidoe Smilevski Bato 1-1/3, Tetovo 24/7 +389 44 344 414
http://medicaistanbul.mk/wp-content/uploads/2018/07/nada-marina-individual-574x605.jpg

Лични податоци

Проф. Д-р Нада Марина

Интернист,субспецијалист по ревматологија

Повеќе информации

Д-р Нада Марина е родена на 26 јануари 1947 година во Тетово. Основно училиште и гимназија завршила во Тетово. На Медицинскиот факултет во Скопје се запишала 1965 година и дипломирала во ноември 1970 година.

 

Во Медицинскиот Центар во Тетово како лекар по општа практика.работела пет години. Од 1975 година била вработена на Клиниката за ревматологија при Медицинскиот факултет во Скопје,се до пензионирањето во 2012 год. Специјализацијата по интерна медицина ја завршила во 1980 година, а субспецијализација за ревматологија 2002 год. Имала раководни функции,раководител на одделението за воспалителни ревматски болести и во одреден период раководител на имунолошка и цитолошка лабораторија

Научна, стручна и наставна дејност

Во практичната настава со студентите по медицина и стоматологија на Медицинскиот факултет во Скопје била вклучена од 1978 година како помлад асистент а од 1980 година како редовен асистент.

 

Во ноември 1998 година на Медицинскиот факултет во Скопје ја одбранила докторската дисертација на тема: "Анализата на синовијалната течност кај ревматоидниот артритис од клинички и патогенетски аспект".

 

За научен соработник е избрана на 10 јуни 2000 година, а за доцент по предметот Интерна медицина е избрана на 30 март 2001 година.

За вонреден професор е избрана на 15 април 2004 година.

За редовен професор избрана 2008 година

Активно била вклучена во научно истражувачката активност на Клиниката и учествувала во изработката на повеќе трудови од областа на ревматологијата со кои учествувала на бројни конгреси, симпозиуми и интерсекциски состаноци во земјата и странство.Била на стручен престој во Република Словенија,Шпанија,Германија.

Поседува Сертификат од Универзитетската ревматолошка Клиника како субспецијалист ревматолог.

Активно била вклучена во проектот назапочнување на примена на биолошка терапија  кај болните со тежок  и агресивен ревматоиден артритис.

 

Во научно истражувачката работа на Клиниката за ревматологија учествувала како ментор на  магистерски трудови и како ментор на докторска дисертација.Ментор на многу специјализанти по интерна медицина и субспецијализанти по ревматологија.

 

Во 2013 година учествува во проект на пензионирани професори на Министерството за Здравство за извршување консултантски услуги од областа на ревматологијата во Медицински центар Охрид.

 

Во 2014 година учествува во проект на пензионирани професори на Министерството за здравство за консултантски услуги во Клиничка Болница Штип кој е завршен во февруари 2017год.

 

Член е на Македонското лекарско друштво (МЛД), на Европската лига за борба против ревматизмот (ЕУЛАР), како и на Македонската асоцијација против ревматизмот(МААР).

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin