Medica Istanbul
Бул. Видое Смилевски Бато 1-1/3, Тетово 24/7 +389 44 344 414

Уретерореноскопија

Уретерореноскоја е минимално инванзивна ендоскопска процедура која се користи за дијагностицирање и терапија за заболувања на уретрата ( мускулна цевка која ги поврзува бубрегот и мочниот меур) како и на бубрежните празнини. Се применува за третирање на камен во бубрег и тумори. Процедурата се изведува со општа или локална(спинална) анестезија, а постоперативното закрепнување е 24часа.

За оваа интервенција се користи флексибилен апарат наречен уретерореноскоп којшто се внесува низ уретрата (канал којшто ја носи мокрачата од мочниот меур надвор од телото), мочниот меур па сé до бубрегот со таканаречен ретрограден пристап. На апаратот има вградена камера, па така процедурата се следи на екран,  има можност за зголемување на сликата и видео запис.

Индикации за дијагностицирање:

-Лезија на уретра или на бубрежните празнини

-Крварење од горниот уринарен тракт

-Биопсија за промена на каналниот систем

 

Индикации за третман:

-Калкулоза на уретра

-Ресекција и коагулација на уретрални тумори