Medica Istanbul
Бул. Видое Смилевски Бато 1-1/3, Тетово 24/7 +389 44 344 414

Еректилна дисфункција

Еректилна дисфункција (ЕД), или како што се нарекува, машка импотенција, претставува нарушување на сексуалниот живот кај мажите поради неможност да постигнат или да одржат ерекција задоволителна за сексуален однос.

 

Симптоми и причини за нивна појава

ЕД може да биде предизвикана од голем број на неправилности во функицјата на целиот организам. Може да биде предизивикана од употреба на лекови, психолошки или физички фактори. Физичката импотенција може да настане од разни болести, повреди или пак хируршки зафати. Најчести болести од кои може да настане импотенција се дијабетесот, високиот крвен притисок, покачениот холестерол, заболувања на црниот дроб, простата.

 

Дијагноза и третман на еректилната дисфункција?

Кај најголем дел од пациентите физичкиот преглед и анамнеза се доволни за докторот да дијагностицира еректилна дисфункција и да препорача третман. Доколку пациентот страда од хронични заболувања потребни се дополнителни иследувања.