Medica Istanbul
Бул. Видое Смилевски Бато 1-1/3, Тетово 24/7 +389 44 344 414

Тотални и субтотални ендопротези на зглобови

Тоталната ендопротеза на зглобот претставува вештачки имплант, направен од биокомпатибилни материјали, кој делумно или во целост го заменува природниот зглоб. Биокомпатибилноста на материјалите, кои денес се употребуваат во современата Ортопедија (Титаниум, Порцелан, пластика со висока молекуларна густина, коскен цемент и други), обезбедува прифаќање на организмот на истите како свои, без да постои отфрлање.

 

Имплантацијата на тотални и субтотални ендопротези на зглобови е една од најчесто користените и најуспешни операции на современата ортопедија. За време на зафатот се отстрануваат оштетените делови од зглобот и се заменуваат со имплантација на ендопротезата.

Операцијата е успешна (95% од оперираните случаи), при што вградената ендопротеза фукнционира нормално  со децении (15-30години).

 

Со овој тип на хируршка интервенција, им  се овозможува на пациентите безболно да продолжат со нормалниот живот и работни задачи.