Medica Istanbul
Бул. Видое Смилевски Бато 1-1/3, Тетово 24/7 +389 44 344 414

Хируршко лекување на скршеници, повреда на мускули и лигаменти

Траумите, или повредите на човечкото тело, зафаќаат голем дел од медицинската наука, а различните типови на повреди се третираат од страна на ортопеди и трауматолози.

Скршениците, како дел од повредите на локомоторниот апарат, претставуваат нарушување на интегритетот и континуитетот на коската. Тие во дадени услови можат да настанат заради:

- Директно дејство на некоја сила;

- Индиректно, при одредени спреги на сили;

- Спонтано, при одредени заболувања (метаболни, бенигни или малигни тумори).

Во принцип, кај сите скршеници се јавува:

  1. Болка;
  2. Деформитет, нестабилност, или губење на функцијата на коската (потпора, движење);
  3. Оток и црвенило.

Лекувањето во основа се состои во некрвава или крвава (оперативна) репозиција на скршеницата со фиксација на остео-синтетски материјал, мирување или имобилизација на одреден период (од неколку недели до 2-3 месеци), како би можела коската да зарасне. Лекувањето може да биде:

         Конзервативено и се состои од некрвава репозиција и поставување на гипсена имобилизација и најчесто се применува кај затворени, некомплицирани скршеници, од два фрагмента, кои имаат добра осовина и контактна површина (времетраење на лекувањето е обично од 4-8 недели);

         Оперативно, кое се применува кај покомплицирани случаи, кај кој треба отворена репозиција на фрагментите и нивна фиксација (внатрешна или надворешна). При оперативниот начин  на лекување, со добра фиксација на скршеницата не е потребна имобилизација и скратено е времетраењето на лекувањето.

 

Ортопедско-Трауматолошко одделение во болницата МЕДИКА Истанбул во Тетово, кое го сочинуваат врвни специјалисти од областа на Ортопедијата и Трауматологијата на локомоторниот апарат, потпомогнати со Дијагностичкиот центар и најсовремената медицинска опрема и апаратура(ЕХО, ДЕКСА-СКЕН, РТГ, КТ, МРИ, ПЕТ-СКЕН), успешно се справуваат и ги решаваат сите предизвици кои ги носи модерниот начин на живеење, при кои неретко се случуваат повреди и скршеници на коските и меките ткива.