Medica Istanbul
Бул. Видое Смилевски Бато 1-1/3, Тетово 24/7 +389 44 344 414

Ревизија на тотални ендопротези

Сите ендопротези имаат свој рок на траење, односно од 20-30 години нормално функционирање. Деловите од ендопротезата, со текот на времето се разлабавуваат, односно може да дојде до минимално поместување од нивното лежиште и да предизвикаат болка при движење која со текот на времето се потенцира.

Од таа причина, потребно е еднаш во годината да се направи ортопедски преглед и РТГ снимка на оперираниот зглоб.

Во случај на посериозно разлабавување, се пристапува кон повторна операција за да се отстрани нестабилната компонента и да се замени со нова.