Medica Istanbul
Бул. Видое Смилевски Бато 1-1/3, Тетово 24/7 +389 44 344 414

Ортопедија

АМБУЛАНТНО ПОЛИКЛИНИЧКИ УСЛУГИ

- Ортопедски прегледи на новородени, деца, младинци и возрасни
- Скрининг на новородени
- Конзервативно лекување на вродени аномалии кај новородени (развојна деформација на колкови, криво стапало, крив врат)
- Ехосонографски прегледи на новородени, деца, младинци и возрасни, во болницата и во домашни услови со современ пренослив ехосонографски апрат
- Коскена дензитометрија (ДЕКСА скен) за просенка на густината на коска (Остеопороза) кај деца, и возрасни пациенти кај ортопедски, гинеколошки, стоматолошки, ендокринолошки и останати пациенти, во болницата и во домашни услови со преносен дензитометар
- Рентген услуги
- Лабораториски анализи
- По потреба упатување на Компјутерска томографија и магнетна резонанца
- Интрамускуларни, интраартикуларни и други блокади и пункциони биопсии на мускули, коски и зглобови
- Апликација ПРП метода во лекување на рани артрозни промени, лигаментарни повреди и др.
- Гипс услуги
- Еднодневни мали хируршки интервенции во современо опремена асептична оперативна сала
- Современ третман на болка од мускулно и зглобно потекло на принцип на еднодневна болница
- Некрвави репозиции на скршеници
- Конзервативен третман на спортски повреди
- По потреба упатување и организирање на консултативни прегледи од други сродни медицински области

 ОПЕРАТИВНИ ИНТЕРВЕНЦИИ

- Тотални и субтотални (биополарни)  ендопротези на зглобови (колкови, колена и др.), изработени од најсовремени материјали. Безцементни, цементни, хибридни со употреба на минималноинвазивна хирургија, минимален болнички престој и максимална постоперативна рехабилитација кај пациенти со последици од вродени деформитети, артрози, реуматоиден артрит, интраартикуларни скршеници
- Ревизии на тотални ендопротези
- Хируршко лекување на вродени аномалии во детска возраст (развојна деформација на колк, криво стопало, крив врат и др.)
- Хируршко лекување на последици од церебрална парализа
- Хируршко лекување на контрактури, повреди на лигаменти, мускули, скршеници
- Хируршко лекување на спортски повреди
- Хируршко лекување на стекнати коскени деформитети
- Артроскопски интервенции
- Отстранување на остеосинтетски материјал
- Операции на шака
- Хируршко лекување на бенигни и малигни коскени тумори
- Организирање на останати сродни хируршки мултидициплинарни процедури

Доктори

Prim. D-r Todor Noshpal m-r sci.

Prim. D-r Todor Noshpal m-r sci.

Orthopedic Surgeon
Види профил
Prof. D-r Gligor Dzolev

Prof. D-r Gligor Dzolev

Specialized Orthopedist
Види профил
Prof. D-r Mirche Simeonov

Prof. D-r Mirche Simeonov

Traumatologist
Види профил
D-r Vele Dimitrievski

D-r Vele Dimitrievski

Orthopedist
Види профил