Medica Istanbul
Бул. Видое Смилевски Бато 1-1/3, Тетово 24/7 +389 44 344 414

Блог

Eхосонографскиот преглед на колкови на новороденчињата

Д-р Александра Димова Спец. Ортопед

Советува:

Eхосонографскиот преглед на колкови на новороденчињата е скриннинг за определување дали колковите се нормално развиени. Еден од многу честите проблеми на детскиот колк кој може да настане при формирањето на зглобот пред, во тек и после раѓањето е развојната дисплазија на колкот.Тоа значи дека развиеноста на зглобните површини не е адекватна, главата на бутната коска не лежи соодветно во чашката и зглобот е нестабилен, или пак во поекстремните случаи доаѓа до делумно или потполно излегување на главата од лежиштето на зглобот (исчашен колк).Доколку оваа состојба навремено не се препознае и третира може да доведе до сериозни последици по зглобовите на колковите.Развојната дисплазија на колкот се јавува кај 1-3 од 1000 новороденчиња,  и е почеста кај бебињата со семејна историја на болеста, женски деца, првородени, бебиња родени со карлична позиција и бебиња од бремености со присутен олигохидрамнион (намалена количина на плодова вода), како и близначка бременост.

Ехосонографскиот преглед на детскиот колк е брза, едноставна, безбедна и безболна метода со која се визуелизираат зглобовите на колковите. Во нашата установа при ехосонографската проценка на развиениоста на колковите на новороденчето се користи светски воспоствената Graf метода која користи стандардизирна техника и прецизно нумериран систем за одедување на типот на колкот. Според методата на Graf постојат четири типа на колкови, од кои само тип I претставува созреан и нормално развиен колк, додека типовите II, III и IV се однесуваат на различни степени на дисплазија на колкот и тие колкови треба да се третираат.

Важно е да се знае дека успехот на третманот на дисплазијата на колкот зависи од тоа колку рано истиот ќе се отпочне- доколку се третира уште во првите неколку месеци после раѓањето до конечното излекување се доаѓа на многу поедноставен понеинвазивен и пократкотраен начин, а третманот завршува со конечно излекување, додека во подоцнежната возраст третманот и лекувањето е посложено, опфаќа поинвазивни методи вклучувајќи и хируршки третман и остава можност за понатамошни последици на зглобот во текот на животот.Оттаму е од клучно значење првиот ултрасонографски преглед на колковите да се направи навремено- препораката е тој да биде 40 дена по раѓањето за сите новороденчиња, а за оние што имаат семејна историја на заболувањето или клинички наод на нестабилен колк по раѓањето уште во текот на првите едум дена од животот.

Повеќе

Габични инфекции ЧПП

Што претставуваат габичните инфекции?

Габичните инфекции претставуваат инфекции предизвикани од најразлични видови на габи.

Повеќе

Сексуално преносливи болести ЧПП

Што претставуваат сексуално преносливите болести?

Сексуално преносливи заболувања се инфекции кои се пренесуваат од едно на друго лице преку сексуален однос или интимни контакти со гениталиите.

Повеќе

Кожни израстоци-брадавици

Што претставуваат кожните израстоци?

Кожните израстоци се наречени и фиброми и претставуваат бенигни тумори на сврзното ткиво коишто не се опасни по животот.  Најчесто се појавуваат во вид на брадавици кои се со нерамна површина, најчесто имаат иста боја како кожата, но можат да бидат и потемни во зависност од нивната локализација и од телото на пациентот.

Повеќе

Болести на кожа ЧПП

Какви можат да бидат  болестите на кожата?

Болестите на кожата можат да бидат инфективни, габични, вирусни и алергиски.

Повеќе

Гастритичен бајпас- Брзо решение за дебелината!

Според лекарите ширум светот, дебелината е најраспространетата болест во светот. Прекумерната телесна тежина предизвикува низа здравствени проблеми. Проблеми со крвниот притисок, болки во нозете и ‘рбетот, хормонални пореметувања, покачен холестерол , камен во жолчка, стерилитет итн.

Повеќе
Преглед на бемки ЧПП

Преглед на бемки ЧПП

Што претставуваат бемките?

Бемките се бенигни обоени лезии на кожата, обично со кафеава до црна боја. Повеќето бемки се со големина од неколку милиметри до 1 цм. Повеќето од нив се безопасни, но важно е да се следат и прегледуваат, бидејќи има многу бемки коишто можат да укажуваат на сериозен проблем.

Повеќе
Дијабетес ЧПП

Дијабетес ЧПП

Прашања:

  1. Лицата со дијабетес не смеат да јадат благо.
  2. Дијабетесот нема јасни симптоми.
  3. Чест симптом на покачен шеќер во крвта е силна жед.
  4. Дијабетесот може да се превенира.
  5. Правилниот животниот стил го намалува ризикот од дијабетес за 58%:
Повеќе