Medica Istanbul
Бул. Видое Смилевски Бато 1-1/3, Тетово 24/7 +389 44 344 414

Хируршки третман на карцином на дојка

Карциномот на дојка може да се третира со повеќе хируршки техники.

-Отстранување на карцином на дојка(лумпектомија)

Оваа хируршка техника се однесува на отстранување на туморот на дојката како и на дел од здравото ткиво кое се наоѓа околу туморозната формација.Лумпектомија најчесто се прави кај малите тумори

 

-Мастектомија-Отстранување на целата дојка

Мастектомија претставува хируршка техника која се однесува на оперативно отстранување на целото ткиво на дојката заедно со лобулите, каналите, масното ткиво, кожата како и брадавицата на дојката(едноставна мастектомија).Постои и оперативна интервенција од типот на мастектомија која се однесува со отстранување на дојката но кожата на дојката се остава се со цел да се овозможи реконструкција на дојката.

 

При присуство на лимфни јазли(нодули) во пазувната јама, оперативната интервенција се проширува со отстранување на променетите лимфни јазли во пазувната јама и нивно патохистолошко иследување заедно со оперативно отстранетата дојка.