Medica Istanbul
Бул. Видое Смилевски Бато 1-1/3, Тетово 24/7 +389 44 344 414

Хируршко отстранување на масно ткиво (липом)

Липомите се бенигни тумори составени од масно ткиво и претставуваат најчест облик на тумор на меките ткива.Може да се појават на било кој дел од телото, но најчесто се појавуваат на грбот, вратот и главата.

 

Можат да бидат мали, од околу 1цм, и поголеми (до 6м). Најчесто се појавуваат кај лица на возраст од 40-60 години, но можат да се појават и кај деца.

 

Липомите се меки на допир, безболни и претежно претставува само естетски проблем кој не му штети на здравјето. Многу ретко, може да се случи да притиснат нерв или крвен сад.

 

Липомите се отстрануваат со помош на брз хирушки зафат, изведен од врвни специјалисти, амбулантски и со локална анестезија.