Medica Istanbul
Бул. Видое Смилевски Бато 1-1/3, Тетово 24/7 +389 44 344 414

Порака на основачот

Како инвеститор во медицинска установа во Република Македонија, или како што ги нарекувате тука – ПЗУ, мојата основна цел беше да воспоставам модерен медицински концепт на болница со еднодневен престој дизајниран како хотел, пријатно место, каде стандардите на медицинската нега ќе ги исполнат очекувањата на пациентите.
МEDICA Istanbul е семејна приватна инвестиција. Одлучив да ја проширам мојата институција за медицинска нега од Истанбул, Турција во Македонија. Да споделам искуство и да ги откријам можностите за соработка со локалните колеги, со цел да креирам уникатен модел на здравствена институција во вашата земја. Истовремено, навистина уживам во гостопримството на локалните жители и се поврзувам со многу локални и странски инвеститори во Македонија.
Ја водам МEDICA Istanbul во Истанбул веќе речиси 16 години како основач и радиолог. Сето искуство во развој на медицински стандарди, имплементирање на протоколи и медицинска нега со цел извонредност во здравството ќе ги пренесеме како знаење во МEDICA Istanbul во Тетово.
Под брендот на МEDICA Istanbul во Тетово се организирани две приватни медицински институции со вкупно 12 организациски оддели, обезбедувајќи општа медицинска нега за: општа медицина, педијатрија, гинекологија и акушерство и стоматолошки услуги во мрежата на оддели кои соработуваат со Фондот за здравство на Република Македонија, како и специјалистички ординации на секундарно здравство за радиологија, ортопедија, неврологија, урологија, општа хирургија, интерна медицина, дијагностичка биохемиска лабораторија и оториноларингологија.
За да станете синоним за квалитет потребно е време, упорност и целосно посветување, како емоционално, така и професинално.
Сигурен сум дека луѓето можат да го препознаат квалитетот кај својот доктор. Со оглед на тоа што моето искуство е повеќе од 25 години и фактот што сум многу мотивиран, ми овозможува да дадам професионална експертиза преточена преку персоналот кој работи во МEDICA Istanbul во Тетово, која во повеќето случаеви претставува уметност. Ќе спомнам пак, ние градиме болница за еднодневен престојсо персонал посветен и фокусиран за максимално задоволување на потребите на пациентите.

Со почит,

Д-р Сафет Мурат Динчер

Основач и претседател

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin