Medica Istanbul
Бул. Видое Смилевски Бато 1-1/3, Тетово 24/7 +389 44 344 414

Третман на коренски канал

Третманот на лекување на коренски канал е стоматолошка процеура и е неопходна кога пулпата    ( нервот ) е воспалена или инфицирана. Заболувањето на пулпата е едно од најчестите причина за силна забоболка, но самиот третман честопати е безболен. Под локална анестезија се отстранува воспаленото ткиво, се дезинфицира каналот и истиот се полни со специјално полнење. Интервенцијата се изведува во една или повеќе фази, зависно од тоа колку е инфициран забот. Воспалението на пулпата најчесто се јавува:

  • на заби кои имаат несаниран и длабок кариес
  • под големи пломби кои не пасуваат идеално
  • кај заби со многу повторувани интервенции
  • под коронки и мостови, како резултат на некроза на пулпата
  • скршени и повредени заби

После ваквата интервенција забите повторно добиваат природен изглед со поставување на естетски пломби. Често пати по ваквата интервенција забот може да ја промени бојата во жолто кафеавкаста, исто така станува сув и кршлив и во таков случај се препорачува коронка за правилно обновување на забот. Со секојдневна грижа и нега на ендодонтски третираните заби може да ги сочувате до крајот на животот.