Medica Istanbul
Бул. Видое Смилевски Бато 1-1/3, Тетово 24/7 +389 44 344 414

Ринопластика

Корекцијата на носот, позната како ринопластика, е постапка која ги решава естетските и функционалните проблеми на носот како што се испакната носна преграда или девијација.

 

Кога ќе кажеме Ринопластика, повеќето не асоцира на естетската корекција на носот, но важно е да напоменеме дека со оваа процедура се решаваат и функционалните проблеми на носот, кој како орган ја има најважната улога во процесот на дишење. Па така, освен естетскиот изглед, со оваа процедура се коригираат структурните промени и девијации во носот, како и подобрување на дишењето.

 

Со ринопластиката, во зависност од желбата и потребите на пациентот, носот може да се намали во широчина или големина, да се коригираат нерамнините.

 

Во кои случаи се препорачува оваа интервенција?

 

Во нашата болница МЕДИКА Истанбул Тетово, специјалистите по пластична и реконструктивна хирургија ја препорачуваат ринопластиката во случаи кога:

- Носот е поголем од вообичаено и е диспропоционален во однос на лицето;

- При крив, “кукаст“, нерамен нос;

- Проблеми со дишењето;

- Асиметричен нос, како последица од некоја фрактура или повреда;

- Врвот на носот е голем и прилично изразен во споредба со другиот дел од носот;

- Не сте задоволни од претходни естетски корекции на носот.

Која возраст е препорачлива за изведување на Ринопластика?

 

-Кај машките пациенти, најпрепорачлива возраст е од 17 години па натаму , а кај женските, од 16 години.

 

Како се изведува оваа интервенција?

Операцијата се изведува во нашата болница, со примена на тотална анестезија и може да трае од 1-3 часа во зависност од тоа колку е комплексна. По операцијата, во носот на пациентот се ставаат тампони, кои се вадат еден ден по операцијата, а гипсот се отстранува 6 дена потоа. Престојот во болница е од 1-3 дена.

Ви гарантираме совршен изглед!