Medica Istanbul
Бул. Видое Смилевски Бато 1-1/3, Тетово 24/7 +389 44 344 414

Отстранување на бемки

Уште од најраното детство, бемките постојано се појавуваат. Можат да бидат вродени или стекнати. Се појават на било кој дел од телото и нивната појава не може да се спречи. Во принцип се безопасни, но во секој случај треба да се следи нивната форма, големина и промена, бидејќи можат да бидат и привичен сипмтом или  показател за сериозни кожни заболувања.

Доколку се појават на некое непосакувано место од лицето или телото, знаат да претставуваат естетски проблем и да влијаат врз самодовербата. Некои од нив можат да бидат и болни, доколку се подложни на некое механичко триење, а со тоа да причинат и здравствен проблем.

Сепак, добрата работа е тоа дека постои можност да се отстранат, а со тоа да престанат да создаваат одреден сомнеж или да влијаат врз самодовербата.

Како се изведува оваа интервенција?

Интервенцијата се спроведува со локална анестезија и трае околу 20 минути.

По зафатот, пациетот си оди дома, по потреба му се препишуваат одредени антибиотици и аналгетици и може слободно уште истиот ден да им се врати на секојдневните обврски. Конците се отстрануваат од 7-12 дена, во зависност од регијата којашто е третирана. По вадењето на конците, лузната се третира со соодветна крема којашто ја препишува докторот и која ја мачкате одреден период, исто така во консултација со докторот, сè до нејзина најмала видливост.