Medica Istanbul
Бул. Видое Смилевски Бато 1-1/3, Тетово 24/7 +389 44 344 414

PRP-Platelet Rich Plasma третман

Нашето тело ја има моќта да ги регенерира и лечи ткивата на сите делови од кожата. Меѓутоа, со самиот процес на стареење, како и различните фази од животот, кожата и косата трпат одредени промени. За среќа, современата медицина придонела до тоа, да се најде решение за подмладување со помош на серум.

PRP-третманот, попознат и како третман за подмладување, е револуционерна метода која се базира врз регенеративната моќ на сопствената крв. Со дегранулација на нашите крвни плочки се ослободува фактор на раст кој стимулира пролиферација на стем клетките одговорни за видливата репарација и регенерација на ткивата..

Во кои случаи се применува овој третман?

Се применува за:

-Подмладување на кожата

-Отстранување на брчки

 

-Регенерирање на кожата и подобрување на нејзината еластичност

 

- Поттикнување на раст и зацрвстување на косата со реактивација на коренот на влакното

 

-Избелување на флеките

Како се изведува овој третман?

Третманот се изведува мошне брзо и лесно. Се изведува на тој начин што, докторот зема крв од вената на раката, потоа ја центрифугира неколку минути и се издвојува збогатената плазма. Со тенка игличка, плазмата се внесува во кожата. На кожата се нанесува анестезија во вид на крема која има дејство од околу 40 минути.

Резултатите се највидливи после третиот третман, а пациентот може да се увери дека кожата е поеластична, поздрава, опаѓањето на косата е значително намалено, растот на коса е поттикнат, а косата којашто расте е поздрава и поцврста. Вториот третман се препорачува да се направи по 3 недели, а третиот по 3 месеци.

Ви гарантираме здрав и беспрекорен изглед!