Medica Istanbul
Бул. Видое Смилевски Бато 1-1/3, Тетово 24/7 +389 44 344 414

Зголемување на гради

Градите се симетрични и парни органи, кои се наоѓаат на предниот дел од градниот кош дефинитивно се оние кои  ја симболизираат женственоста кај една жена. Факт е дека повеќето жени посакуваат убави и црвсти гради.

Со текот на годините, процесот на стареење и покачувањето или губењето на телесната тежина, допринесува до промена во формата, обликот и големината на градите. Сепак, денес современата медицина има методи за естетска корекција на градите.

За зголемување на градите, денес се користат импланти кои хируршки се поставуваат во градите и ги прават поголеми, поцврсти и посиметрични.

 

Докторот специјалист во претходна консултација со пациентот, во зависност од желбата, ја дефинира големината и формата на имплантот.

Има повеќе видови на импланти кои може да имаат различна големина, форма, различна текстура и различен внатрешен состав.

За естетско зголемување на градите се користат силиконски импланти, кои се меки, а градите си ја задржуваат својата мобилност и напрегнатост.

Како се изведува оваа интервенција?

Особено важно е, пред операцијата, да се направат сите можни испитувања како што се: крвна слика, лабораториски испитувања на хормони, РТГ на граден кош и други испитувања кои ги налага докторот специјалист, бидејќи имплантите се поставува под млечните жлезди и градниот мускул и важно е се следат овие правила.

Операцијата се изведува со тотална анестезија, се прави рез долг околу 4-5 цм, под пазувте, под дојката, или кружно околу брадавиците, а имплантот се поставува под или над мускулот, без да ги засегне млечните жлезди.

Постоперативно, се јавува блага неосетливост на брадавиците и благ оток кој исчезнува од 1-2 недели. Се препорачува домашна нега и лекување од околу 10 дена, избегнување на физички напор и активности.

По неколку недели, пациентите можат слободно да се вратат на сите спортски или физички активности и да уживаат во сосптвеното тело и изглед.

Ви гарантираме беспрекорен изглед!