Сега можам да кажам дека се чувствувам многу подобро“- Махмуре Вокши, пациентка оперирана во нашата болница

Во болницата МЕДИКА Истанбул дојдов на 19.10.2018 година, откако претходно имав повреда дома и го скршив колкот. Најпрвин бев во друга болница, но бидејќи не бев задоволна од услугата и односот таму, решив да дојдам во МЕДИКА Истанбул, знаејќи дека нема да погрешам. И претходно имам доаѓано во оваа болница и сум презадоволна од односот и посветеноста на целиот персонал којшто работи тука.

По извршениот преглед кај Прим. Д-р Тодор Ношпал, откако ги направив сите потребни проверки, докторот ме оперираше. Сега можам да кажам дека се чувствувам многу подобро.

Комуникацијата со персоналот и докторите беше супер, не можам да кажам дека има нешто што ми недостасува мене или на другите пациенти. За мене како пациентка, услугата овде е на вистинско ниво, нема потреба да им се обраќам на вработените за да ме услужат, да ми ги даваат лековите или да ми дадат некоја друга дневна услуга. Од рано наутро чајот го имам на време, водата на време, лековите на време, јас сум многу задоволна.

Пред четири години имав хируршка интервенција во друга институција , услугата беше многу добра, но условите беа многу лоши. Јас бев принудена самата да платам посебна соба, а најлошото беше што сите пациенти користеа еден тоалет. Искрено, условите во другите болници каде што сум била не се споредуваат со условите на оваа болница.

Приватната болница МЕДИКА Истанбул Тетово му ја препорачувам на секој оној којшто има потреба од лекување, бидејќи оваа болница е како хотел со пет ѕвезди.