Ова е приказната на Ибадет Ферати, пациентка оперирана во нашата болница.
Мојот проблем со жолчката започна пред три месеци, но мојот страв од операција постојано го одложуваше третманот.

По 3 дена постојано повраќање, болки, испитувања, терапии и прегледи во Тетово и Скопје, на 27.10.2018г. во 21:00 часот дојдов во приватната болница МЕДИКА Истанбул Тетово.

Сè уште имав болки во стомакот и десната страна од грбот. По два направени ЕХО наоди, едниот укажуваше на камен во жолчка. Мојот сопруг и ќерка ми, сакаа да знаат што точно ми се случува, а јас во тој момент сакав само нешто што би ми ја намалило болката.

Во МЕДИКА Истанбул не прими докторката која ми кажа дека нема да ми стави ништо додека не ме прегледа и ја разгледа целата документација и да даде свое мислење. Прочита дека одам на дијализа, веќе три дена примам инфузија за болка, а потоа ми го измери притисокот којшто беше доста висок.

Морам првин да се консултирам со нашиот нефролог. Не е доволно само да примениме нешто за намалување на болка и притисок, мораме да го решиме ова до утре.“ – Ми рече докторката.

Нефрологот исто така ме прегледа, ми дадоа терапија и се организираа да ми направат трето ЕХО на кое јасно се гледаше камен во жолчка. Направија и конзилијарен преглед со интернист, анестезиолог и хирург и ми кажаа дека по првата дијализа, ќе се изврши операцијата, а во меѓувреме ми го стабилизираа притисокот и ме припремија за операцијата.

Додека траеше ова, јас се чувствував одлично. Сите беа добро организирани, насмеани и љубезни и ми дадоа неверојатна поддршка и позитивни мисли.

Операцијата се изведе и заврши во најдобар можен ред.

По еден ден, јас се чувствував одлично.

Не ми е јасно, зошто не дојдов уште веднаш овде, туку решението го барав талкајќи низ здравствените лавиринти во Тетово и Скопје.

Важното е дека сè се заврши најдобро што можеше, бидејќи мојот случај не беше обичен случај на камен во жолчка, туку комплициран случај со многу висок притисок и ризик од фатален исход.

Нема зборови со коишто би можела да му се заблагодарам на докторот, но и на целиот тим кој беше со мене во најтешките моменти.

Она што ми остави најголем впечаток во приватната болница МЕДИКА Истанбул Тетово е професионалноста на докторите, но и на сите вработени таму.

На сите им ја препорачувам болницата МЕДИКА Истанбул Тетово, бидејќи услугата е на врвно ниво, а успехот од сите интервенции е загарантиран.