Според лекарите ширум светот, дебелината е најраспространетата болест во светот. Прекумерната телесна тежина предизвикува низа здравствени проблеми. Проблеми со крвниот притисок, болки во нозете и ‘рбетот, хормонални пореметувања, покачен холестерол , камен во жолчка, стерилитет итн.

Лицата со прекумерна тежина, како и оние лица коишто внимаваат на својата тежина и сакаат витка става, честопати поради неуспехот од одредени диети и режим на исхрана, се решаваат и на оперативен зафат со којшто се намалува големината на желудникот, а со тоа и помалку да внесуваат храна. Овој оперативен зафат е наречен Гастритиен бајпас, односно бајпас на желудникот и во последно време е сè пополуларен.

Со овој зафат, слабеењето достигнува и до 30 килограми.

Се прави на современ, лапароскопски начин за да нема големи резови на стомакот. Со оваа интервенција се постигнува намалување на желудникот, а со тоа се постигнува ефект на ситост при помал внес на храна.

Резултатите се воочливи по 6 месеци од интервенцијата. Лицата коишто направиле оперативен зафат со гастритичен бајпас, со правилна исхрана во првите месеци од интервенцијата, и благодарение на бајпасот на желудникот, внесуваат помалку храна, немаат силно чувство на глад и со консумирање на помало количество на храна добиваат чувство на ситост.

Поради гастритичниот бајпас, пациентите губат 70-80% од вишокот на телесна тежина, а веќе понатаму можат без проблем да ја одржуваат својата посакувана линија.

Во болницата МЕДИКА Истанбул Тетово, оваа интервенција се изведува во најсовремени услови, на класичен или лапароскопски начин и од страна на вископрофесионален и стручен тим на специјалисти од оваа област.