Medica Istanbul
Bul. Vidoe Smilevski Bato 1-1/3, Tetovo 24/7 +389 44 344 414

Гинекологија

Гинеколошкиот преглед е особено важен во животот на секоја жена. Доколку се грижите за Вашето здравје, без разлика на немањето никакви симптоми или тегоби, гинекологот треба да го посетувате најмалку еднаш во годината.

Одделот за Гинекологија во МЕДИКА Истанбул е секогаш тука за следење и водење грижа за женското здравје. Тука сме да ви понудиме најквалитетна здравствена услуга, од рутински гинеколошки прегледи, припрема и следење на бременост, едукативни пренатални совети за мајки и млади брачни парови, па се до прегледи и советувања во менопаузата.

Гинеколошката ординација на МЕДИКА Истанбул Тетово, нуди голем број на специјалистички гинеколошки услуги, се со цел да ви овозможи беспрекорно здравје. Ординацијата е опремена со најсовремена и најсофистицирана дигитална опрема, со чијашто помош се добиваат најпрецизни, брзи резултати, а квалитетот е на највисоко ниво. Овој оддел е предводен од врвен и стручен тим, кои се секогаш тука за Вас, за да Ве пречекаат со топла насмевка и да ви ја пружат најквалитетната здравствена услуга. Важно е да напоменеме дека одделот за гинекологија во приватната болница МЕДИКА Истанбул Тетово, има потпишано договор со Фондот за здравствено осигурување и прегледот кај матичниот лекар не се наплаќа.

Она по што се разликуваме од останатите е одличниот пристап кон пациентите, брзото згрижување и реагирање, загарантираниот пријатен престој за време на прегледите, брзото дијагностицирање со помош на најсовремената дигитализирана технологија којашто ја поседуваме, како и соодветното лекување и третман што следи.

Гинеколошките услуги коишто ги нудиме се:

-Општи гинеколошки прегледи со ултразвук;

-Рано откривање на промени на грлото на матка со помош на: пап-тест, колпоскопија, ХПВ типизација, биопсија;

-Водење на бременост;

-План за контрацепција од несакана бременост и сексуално преносливи болести;

-ЕХО дијагностика и мамографија;

-Консултативни прегледи и советувања;

 

Доколку чувствувате некаква тегоба, непријатност, болка или пак промена, задолжително посетете го Вашиот гинеколог и заштитете се на време.

Ние се грижиме за Вашето здравје.

Доктори

D-r Makedonka Naumovska

D-r Makedonka Naumovska

Specialist in gynaecology and obstetrics
Read profile