Medica Istanbul
Bul. Vidoe Smilevski Bato 1-1/3, Tetovo 24/7 +389 44 344 414

Хируршко третирање на камен во жолчка

Камењата во жолчката се создаваат кога насобраната течност во жолчната ќеса се стврднува и згрутчува во ситни делови кои наликуваат на камчиња.Симптомите коишто ги даваат камењата во жолчка, често се нарекуваат и „напади“ на камења во жолчка, бидејќи се појавуваат неочекувано. Многумина од пациентите скоро и да немаат симптоми. Со движењето на камчињата, се затнува каналот од кој истекува жолчката, жолчното ќесе се воспалува и во тој случај се јавува типична болка под десниот ребрен лак, повраќање, гадење.

Хируршкото отстранување на жолчното ќесе е најчестиот третман на камењата во жолчка. Хируршката интервенција може да биде лапароскопска, или отворена.

Престојот во болница трае од 1-3 дена, во зависност од начинот на изведување на хируршката интервенција.