Medica Istanbul
Bul. Vidoe Smilevski Bato 1-1/3, Tetovo 24/7 +389 44 344 414

Хируршки третман на сите видови на кили

Оперативен третман на херниjа (кила) или народски познато како брух, претставува излегување на стомачната обвивка која поминува преку отворот на стомачниот ѕид. Се појавува кога дел од мекото ткиво или дел од цревата, ќе навлезе во една од слабите точки на стомакот и на тоа место се појавува одредена испакнатина.

Хирургијата на килата опфаќа хируршки процедури кои според пристапот се делат на отворени, лапароскопски и комбинирани. Независно од пристапот, крајна цел на оваа хируршка интервенција е репарација на оштетениот и ослабнатиот дел на стомачниот ѕид со употреба на протетски материјал, популарно познат како "МРЕЖА".

 

Престојот во болница трае од 1-3 дена, во зависност од начинот на изведување на хируршката интервенција.