Medica Istanbul
Bul. Vidoe Smilevski Bato 1-1/3, Tetovo 24/7 +389 44 344 414

Хируршки третман на врастнат нокт

Враснатиот нокт е многу честа и прилично болна состојба која се јавува најчесто на палецот од ногата. Враснување на нокт се случува кога кожата на едната или двете страни од ноктот зараснува преку неговите рабови , или пак кога ноктот сам по себе враснува во кожата, т.е мекото ткиво околу ноктот. Враснатиот нокт е обично болна состојба којашто може да се поврзе и со инфекција на палецот. Голем процент од случаите на враснат нокт се хронични и имаат тенденција да се повторат и/или да се инфицираат.

 

Симптомите коишто укажуваат на враснат нокт се:

 

-Болка на местото на ноктот којашто особено се потенцира при носење на тесни чевли

 

-Прстот е пречувствителен на притисок

 

-Се јавува благ оток и прстот е црвен и топол

 

-Можни појава на гној и знаци коишто укажуваат на инфекција

 

Причини за појава на враснат нокт се долготрајно носење на тесни и несоодветни чевли или чорапи, несоодветно сечење на ноктите, деформитети коишто се појавуваат на ноктот, некоја траума на ноктот или палецот.

 

Се отстранува брзо, амбулантски, со или без анестезија.