Medica Istanbul
Bul. Vidoe Smilevski Bato 1-1/3, Tetovo 24/7 +389 44 344 414

Оперативен третман на воспаление на слепо црево

Слепо црево е црволик додаток или преостаната шуплива цевчеста формација прикачена на продолжетокот од дебелото црево. Слепото црево кај човекот, вообичаено од 8-10 см, нема функција во системот за варење. Неговите мускулни ѕидови ги исфрлаат своите мукозни секрети или кои било цревни содржини што влегуваат во него.

Проблемот настанува кога доаѓа до воспалување на слепото црево, поради затнување на тесниот лумен поради насобирање на течности, множење на бактерии и сл. Можеда се појави кај секој човек, без разлика на пол, возраст.

Се манифестира со силна нетипична болка и жарење во десниот долен дел од стомакот, проследена со дијареа, мачнини, покачена температура.

Особено важно е навремно да се реагира и пациентот да се хоспитализира, со цел да не дојде до понатамошни компликации како гноење или пукање на слепото црево и настанување на сепса.

 

Слепото црево се отстранува по хируршки пат и операцијата може да биде отворена или лапароскопска, а престојот во болница зависи од начинот на изведување на операцијата и трае од 1-3 дена.