Medica Istanbul
Bul. Vidoe Smilevski Bato 1-1/3, Tetovo 24/7 +389 44 344 414

Циркониум

Современата стоматологија користи различни градивни материјали за функционална и естетска реконструкција на предните и бочните заби со фиксни надоградби. Благодарение на својата издржливост и природен изглед, циркониумските коронки стануваат се повеќе популарни. Тие лансираат нова ера во стоматологијата нудејќи комбинација на естетика и издржливост. Циркониумот е компатибилен со забите и непцата кој не предизвикува алергија. Тој дава супериорен изглед бидејќи има природно бела боја и е проѕирен, па може да ја имитира проѕирноста на природните заби. Циркониумот дава посигурна насмевка бидејќи нема метална обвивка на непцата. Постојат два типа на циркониум: цврсти и високо транслуцентни. Двата од нив можат да се направат со помош на CAD CAM технологијата. Овие техники даваат прецизен и ненадминлив изглед.

Циркониумот може да се користи при следниве ситуации:

  • кога со техниката на белеење не може да се постигне резултат
  • оние кои претходно користеле метал керамички мост
  • во случаи кога пациентот има дефекти на забното ткиво или големи пломби
  • кога постојат ротирани заби и заби со атипична положба во забниот лак

Процедурата опфаќа локална апликација на анестетик. Потоа се препарираат сите површини на забното ткиво и откако забното трупче е готово се зема отпечаток и се носи во забна техника. Следната фаза е проба на циркониумот, доколку циркониумот пасува повторно се враќа во техника каде се продолжува со неговата изработка. Готовиот циркониум повторно се проба во устата на пациентот и доколку пасува се продолжува со негово цементирање.

Предноста на циркониумските коронки е што имаат подолг живот од метал керамичките коронки бидејќи овој материјал е биокомпатибилен и значи дека е безбедно да остане во устата долго време. По третманот пациентот треба да одржува максимална хигиена во усната празнина. После неколку дена пациентот може да продолжи со секојдневните активности.