Medica Istanbul
Bul. Vidoe Smilevski Bato 1-1/3, Tetovo 24/7 +389 44 344 414

Белеење на заби

Белеењето на забите е една од најпопуларните процедури во естетската стоматологија, и е метода со која се отстрануваат разните дисколорации од површините на забите кои за неколку тони ја менуваат бојата и забите стануваат побели.

Забите можат да бидат пребоени жолто, кафеаво, зеленкасто, сивкасто и црно во зависност од причината. Пребоеноста може да биде внатрешна и надворешна. Најчесто кај пациентите се забележува надворешна пребоеност која се наоѓа на површината на забите, а причината е често конзумирање на кафе, чај, црно вино, други обоени пијалоци, цигари итн. Овие пациенти се потенцијални за процедурата на белеење на заби. Постојат повеќе техники на белеење на забите, а во сите техники се користат материјалите чија активна супстанца ја сочинува водород-пероксид     ( хидроген ) и карбамид пероксид. Постојат два типа на белеење на заби: белеење во ординација и белеење во домашни услови.

  • Професионалното белеење или белеењето во ординација се врши под надзор на стоматолог и се изведува во ординациски услови. Процедурата трае околу еден час и на крајот на постапката резултатот е веќе видлив.
  • Белеење во домашни услови - за оваа процедура се користат специјално изработени калапи и професионални гелови за белеење кои се со пониска концентрација од оние кои ги користиме за ординациското белеење. Специјално изработените калапи и гелот би било пожелно да се чуваат 6-8 часа во устата, по можност за време на спиење.

После белеењето на забите пациентите може да чуствуваат болка на ладно која е од минлив карактер. Пациентите се советуваат да избегнуваат цигари, кафе, чај и други обоени пијалоци. Ако пациентот се придржува на упатствата во врска со бојата битно е само одржувањето на постигнатиот ефект, едноставно е и поефтино. Тоа се врши со специјални пасти кои пациентот може да ги користи во домашна употреба или пак во ординација. Белеењето може да се повтори на секои 6-12 месеци, односно по потреба.