Medica Istanbul
Bul. Vidoe Smilevski Bato 1-1/3, Tetovo 24/7 +389 44 344 414

Порцелански фацети

Ефективната насмевка корегирана од рацете на вашиот стоматологот е неодолива. Порцеланските фасети во естетската стоматологија претставуваат врвна и квалитетна конзервативна алтернатива за кои е потребна препарација на забното ткиво. Тие се тенки керамички лушпи, трајно адхезивно цементирани за забната структура. Современата дентална пракса значително ги проширила индикациите за порцелански фасети, пред се заблагодарувајќи се на унапредувањето на керамички материјали. Порцеланските фасети се индицирани при:

  • Пребоеност на забите кое не може да се корегира со техниката на белеење на заби
  • Корекција на обликот и положбата на забите ( искривени или вовлечени заби )
  • Мали заби или големи пломби
  • Затварање на дијастема
  • Корекција на губиток на забно ткиво поради механичко или хемиско оштетување

Првично се утврдува дали ваквата процедура е соодветна за пациентот. Доколку е соодветна тогаш се пристапува кон препарација на надворешната површина на забното ткиво за да се направи простор за фасетата. После препарацијата се зема отпечаток од забното ткиво и се испраќа во лабораторија. Следната фаза е проба на фасетката, доколку пробата е добра фасетата трајно се цементира за забната површина.

Порцеланските фасети може да се користат без проблем наредните 10-15 години со редовна хигиена на забите. Предноста на порцеланските фасети е што после третманот забите добиваат природен и естетски изглед , не се под влијание на никотин, чај и кафе, се добиваат резултати со мала препарација на забното ткиво, без намалување на големината на забите.