Medica Istanbul
Bul. Vidoe Smilevski Bato 1-1/3, Tetovo 24/7 +389 44 344 414

Импланти

Имплантот денес се смета за едно од најмодерните решенија во стоматолошката пракса. Стоматолошкиот имплант е титаниумски навоен столб ( имитација на забен корен ), кој хируршки се поставува во виличната коска под гингивалниот раб, што му овозможува на стоматологот да постави коронка или мост во тоа подрачје. Преку процес наречен остеоинтеграција имплантот се прицврстува за виличната коска. За да биде овој процес успешен пациентот треба да има доволно густина на коска и да биде во добра орална здравствена состојба. Доколку коската на пациентот е премногу тенка или мека тогаш не е во можност да го издржи имплантот. Во тој случај треба да се постави коскен графт.

Имплантите се индицирани кај пациенти кои имаат загубено еден или повеќе заби. Предностите на денталните импланти се што овозможуваат:

  • подобар изглед - имплантите изгледаат и се чувствуваат како свои заби
  • подобар говор - овозможуваат зборување без да се грижите дека забите можат да се лизгаат
  • полесно јадење - стоматолошките импланти функционираат како природните заби
  • поголема самодоверба - стоматолошките импланти можат да ви ја вратат насмевката и да се чувствувате подобро

Одржувањето на имплантите е многу важно за успех. Како што вашите заби бараат совесна грижа во домот и редовни стоматолошки посети, така и стоматолошките импланти бараат иста грижа. Денталниот имплант го подобрува квалитетот на живот благодарение на неговата сила, лесна употреба и естетски изглед. Со соодветна хигиена и редовни стоматолошки посети, имплантите ќе траат со децении, дури и цел живот.