Medica Istanbul
Bul. Vidoe Smilevski Bato 1-1/3, Tetovo 24/7 +389 44 344 414

Естески пломби

Естетските пломби ја заменуваат и обновуваат структурата на оштетното забно ткиво враќајќи ја природната морфологија, боја и микроструктура на површината на забот. Естетските пломби нудат голем број на придобивки во однос на сребрените амалгамски пломби кои содржат жива и кои од многумина се сметаат за токсични. Естетските материјали можат да ги обноват и зајакнат забите.

Естетски пломби се поставуваат кај пациенти со:

  • мало или средно оштетување на забното ткиво - кариозни заби
  • фрактурирани заби
  • стари пломби
  • затварање на дијастеми

 

Интервенцијата опфаќа отстранување на оштетеното забно ткиво или доколку пациентот има стара пломба се отстранува старата пломба и настанатиот кариес под пломбата. Потоа се прави дезинфекција и тоалета на кавитетот, сушење на кавитетот и поставување на пломба на оформениот кавитет. Сувото работно поле е најбитен фактор за квалитет и долговечност на пломбата заедно со добро отстранетиот кариес.

Доколку естетските пломби се добро поставени, со добра орална хигиена пломбите можат да траат долго. Претерано цврста храна треба да се избегнува затоа што може да го оштети полнењето. Кај естетските реконструкции на забите целта е во потполност да се копира природниот облик и бојата на забот, каде што морфологијата на забот се обликува со посебни инструменти. Овој начин на реконструкција целосно ја задоволува функционалната состојба на контактот со горните или долните заби.                                                                                           Благодарение на современата естетска стоматологија со своите материјали и методи и професионалноста на вашиот стоматолог ќе имате насмевка од вашите соништа.