Medica Istanbul
Bul. Vidoe Smilevski Bato 1-1/3, Tetovo 24/7 +389 44 344 414

Отопластика

Ушите, доколку ја немаат заземено централната положба на лицето, имаат значајна улога за тоа колку ќе се чувствувате самоуверено и убаво.
Отопластиката претставува вид на хируршка интервенција со којашто се постигнува естетска корекција на премногу истакнатите (отворени) уши и нивно повлекување наназад, давајќи им нормална форма и убаво вклопување со формата на лицето.

Која возраст е најпогодна за примена на оваа интервенција?

Се применува и кај деца и кај возрасни, сè со цел естетско коригирање на ушите, враќање во нивната нормална форма и положба и враќање на самодовербата кај пациентот. Најдобро решение за решавање на овој проблем е операцијата да се изведе уште во детска возраст, а возраста на детето да е над 6 години, бидејќи во тој период ‘рскавицата е помека. Меѓутоа, ова не е строго дефинирано правило, па така, секако дека и возрасните можат естетски да ги коригираат своите уши и да го добијат посакуваниот изглед.

Како се изведува оваа интервенција?

Операцијата се изведува со анестезија која може да биде тотална (најчесто се препорачува кај деца) и локална кај возрасни. Се прави рез, се моделира ‘рскавицата за да се намали аголот помеѓу главата и увото, раната се шие и се преврзува со компресивен завој.

Интервенцијата трае од 1-2 часа, во зависност од тоа колку е комплексна самата интервенција.

Престојот во болница зависи од типот на анестезија, па така со примена на локална анестезија пациентот си оди дома по неколку часа, а доколку е применета општа анестезија, пацентот останува 1 ден во болница.

Ви гарантираме беспрекорен изглед!