Medica Istanbul
Bul. Vidoe Smilevski Bato 1-1/3, Tetovo 24/7 +389 44 344 414

Мезотерапија

Мезотерапијата е техника која се користи за брзи естетски цели, за успорување на процесот на стареење и за подмладување на кожата. Се користи на тој начин што со помош на инјектирање на коктел од корисни супстанци како што се потребни витамини, ензими, минерали и други активни материи, директно во кожата, со цел постигнување на посакуваниот ефект.

Како се изведува оваа интервенција?

Мезотерапијата се изведува како серија на третмани (најчесто 3-4), а во зависност од супстанциите, односно материјалот кој се користи, се повторуваат на 1-2 недели или на еден месец. Серијата од третмани се повторува на 6-8 месеци.

Се изведува на тој начин што, претходно подготвен коктел од корисни супстанци се инјектира до 2мм длабочина во кожата и на секој сантиметар од неа.

Се применува на лице, врат, деколте, раце, колкови, а доста корисна метода е и како редуктор на целулит, а во тој случај се користат супстанци кои ги топат масните наслаги.

За видливи резултати, потребни се 2-3 третмани. Бројот на третмани зависи од возраста, третираната регија, но и животните навики  како што се пушење, пиење, исхрана и друго.

Мезотерапијата може да се комбинира и со други естетски третмани со хијалуронска киселина и така да се постигнат неверојатни резултати.

Ви гарантираме беспрекорен изглед!