Medica Istanbul
Bul. Vidoe Smilevski Bato 1-1/3, Tetovo 24/7 +389 44 344 414

Абдоменопластика

Абдоменопластика( корекција на стомак) е хируршка процедура со којашто се подобрува изгледот на стомакот. Основната цел на абдоменопластиката е елиминирање на виснатиот и деформиран стомак со отстранување на вишокот на кожа и вишокот на масти.

Во кои случаи се применува оваа интервенција?

Нашите специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија, примената на абдоменопластика ја препорачуваат во следниве случаи:

-Кожата на стомакот е висната и има вишок на масно ткиво;

-Стомакот е мек и слаб како последица од една или повеќе бремености, или пак како последица од нагло и брзо слабеење;

- Стомакот има ослабната и опуштена мускулатура и кожа како последица од неправилен начин на живот и физичка неактивност.

Како се изведува оваа интервенција?

Пред да се изврши интервенцијата, во консултација со докторот специјалист, потребно е да се направат неколку лабораториски испитувања, пожелно е да се намали со пушењето на цигари и да не се земаат лекови кои влијаат врз коагулацијата на крвта.

Операцијата се изведува со тотална анестезија и трае од 2-4 часа. Резот се прави во бикини зоната и понатаму е речиси неприметлив. Престојот во болница трае од 1-3 дена и во тој период на пациентите им се даваат антибиотици, аналгетици и по потреба друга медикаментозна терапија. По само 7 дена, пациентите се во состојба слободно да се движат, а за само 15-20 дена можат слободно да им се вратат на работните обврски.

Ви гарантираме беспрекорен изглед!