Medica Istanbul
Bul. Vidoe Smilevski Bato 1-1/3, Tetovo 24/7 +389 44 344 414

Кои сме ние?

Врвна здравствена нега издигната на ниво на уметсност

Ви ја претставуваме новата болница за медицина во Македонија, МEDICA Istanbul Тетово, која е потврден синоним за точна дијагноза и беспрекорна медицинска нега.

Беспрекорно здравје

МEDICA Istanbul е модерен медицински центар на површина од 2000 м. и ги задоволува највисоките светски стандарди за објекти од овој тип. Поликлиниката се состои од 13 сектори во кои на нашите пациенти им нудиме дијагностички постапки и решенија.
Во МEDICA Istanbul Тетово нашите високо квалификуван медицински кадар ќе се погрижи за вашето здравје, чие знаење и врвна експертиза се достапни за вас во секое време.

Дополнителни дијагностички услуги

-Дигитална мамографија
-Дигитален рентген
-Дензитометрија
-Дијагностичка биохемиска лабораторија
-Ендоскопија, колоноскопија
-Контролни прегледи
-Одделот за фармација - фармацевтски консултации и избор на медицински производи препорачани од страна на вашиот лекар, како и многу фармацевтски производи во прилог на терапија, за да се чувствувате подобро!

Препознатлив по брза и прецизна дијагностика

МEDICA Istanbul Тетово е опремена со најмодерен ПЕТ скен апарат и дијагностичка опрема МРИ, кои се од суштинско значење за правилно дијагностицирање и евалуација на ефектите од лекувањето на ракот.
Резултатите од ПЕТ скенот се подготвени и анализирани во соработка со МEDICA во Истанбул, а напредниот уред 1,5 Тесла магнетна резонанца овозможува уште подетално и попрецизно одредување на болестите.

Нашиот тим - секогаш тука за вас

Нашиот тим на експерти ќе се обиде да ги најде најдобрите одговори на вашите прашања во секое време и да ве информира за најактуелните теми во врска со вашето здравје.

Зашто Medica Istanbul?

МEDICA Istanbul Тетово е дел од дијагностичката болница МEDICA Istanbul–Турција,  која има долгогодишно искуство во олеснување на скрининг и дијагноза на коронарна срцева болест, рак и разни други карактеристики, искористувајќи ја најновата технологија во медицина. Покрај обезбедување на медицински услуги, МEDICA Istanbul е домаќин и на различни уметнички настани.
Клучот на успехот на МEDICA Istanbul Турција лежи во висококвалификуваниот медицински персонал со долгогодишно искуство ширум Турција и светот. Ова се должи на познатите експерти од областа на радиологија, нуклеарна медицина, алергологија, ендокринологија, неврологија, педијатија, хематологија и др.

Кoмплетна медицинска услуга 

Комплетна медициснка услуга ориентирана кон задоволството на пациентите. МEDICA Istanbul Тетово, им овозможува на пациентите детални информации од страна на лекар, медицински сестри и информатори за нивните професионални гранки. Со секој пациент, по нивниот третман дискутира, еден по еден за квалитетот на услугите. Исто така, на пациентите кои доаѓаат од подалечни места и од странство, им овозможува транспорт и сместување.

Технологија од светски признати производители

МEDICA Istanbul Тетово, користи апаратура и најсовремена технологија од познатите и докажаните светски брендови како Siemens , Magnetom ….

Конфор и Хигиена

МEDICA Istanbul Тетово е местото каде ќе ви се промени перцепцијата за конфор и хигиена во здравствените установи. Вип Апартманот и Вип Чекалната ви овозможуваат максимална удобност и приватност за време на престојот во МEDICA Istanbul Тетово.
Нашиот тим за хигиена секојдневно врши мониторирање во сите простории  на поликлиниката според светските стандарди и постојано води грижа за сите посетители на поликлиниката.


Комуницираме на вашиот јазик

За подобра комуникација и според потребите на пациентите, МEDICA Istanbul Тетово пружи интерпретациски услуги на сите јазици кои се користат во Македонија и поширокиот регион.

Историја

Медицинскиот центар МЕDICA беше осниван во мај 2001 година во една историска зграда во населбата Тешвикије во Истанбул. Беа потребни осум месечни подготовки за опремување на објектот со вакви развиени и модерни уреди за дијагностицирање.
Првите уреди за дијагностицирање на нашиот центар беа 1.5 Tesla MR, Open MR, Spiral CT, Sintigrafi, Mammografi и X-Ray, како и Color Doppler Ultrasonografi и Bone dansitometri (DEXA).
Во 2002 година во рамки на нашиот центар беше додаден и PET уред. Во тоа време се користеше Digital  Sistem CR.
По две години Spiral CT беше сменет со 16 Slice  CT, додека Mamografi и X-Ray беа заменети со целосно дигитален систем. Во 2006 година истиот беше заменет со PET CT.
Веднаш во следните три години 16 Slice CT беше заменет со 64 Slice  CT, кој во 2011 година беше заменет со 256 Slice  CT. Во истиот период нашиот центар се стекна со 3 Tesla  MR уред кој го замени претходниот 1.5 Tesle MR.
Во рамките на нашиот центар се вработени 6 радиолози, 1 специјалист за нуклеарна медицина и 5 радиолошки техничари.
Биохемиските и микробиолошките услуги се вршат преку договор за соработка со една многу развиена лабораторија.
Во рамките на МЕDICА Диагностички Центар, во 4-те интерни и соседни центри се вработени вкупно 35 лекари.
МЕDICА која има за мисија да ги интегрира сите иновации на медицината во своите рамки, денес е водечка институција во својот сегмент.
Освен предводништвото во медикален аспект, една од најзначајните особини на МЕDICA е дадениот удел во насока на исполнетоста на животот преку соединувањето на уметносто и медицината.
Во МЕDICА која е поддржувач на уметноста и на уметниците, неделните концерти претставуваат дел од традицијата на компанијата. Во периодот од оснивањето до денес, МЕDICА беше домаќин на повеќе од 100 концерти а воедно и ширум ги отвори своите врати и на визуелните уметности. Со особена гордост изјавуваме дека МЕDICA воедно беше домаќин и на десетици уметнички изложби и поседува една многу значајна и еминентна уметничка колекција.
Со истите чувства, мисли и цели и благодарение на моите колеги и поддршката на моето семејство, во земјата во која се чубствувам како во својата земја и својот дом – Македонија ја оснивав МEDICA Istanbul која ќе има статус на бутик болница во која ќе се спроведува еден широк спектар на методи на диагностицирање и медицински третмани и која има за цел да нуди One Day Surgery.
Нашата цел е преку болницата оснивана во Тетово на граѓаните од регионот но и од соседните земји да им нудиме медицински услуги на највисоко и најпрофесионално ниво. Ве
поздравувам срдечно и ви благодарам.

Др. Саффет МУРАТ ДИНЧЕР

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin